Делење вода и заштитна опрема на граѓаните за справување со топлотниот бран
Општина Гевгелија во соработка со Црвениот крст- ОО Гевгелија,
поради најавената портокалова (алертна) фаза, започна со акција за делење вода и заштитна опрема на граѓаните на неколку пункта во Гевгелија. Имено, Општина Гевгелија ја поддржа акцијата за справување со топлотниот бран кој ја зафати Гевгелија, со која волонтерите од Црвениот крст дистрибуираа вода и капи на граѓаните, на Градскиот пазар и Градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, најави дека и во иднина Општина Гевгелија во рамки на нејзините можности, а во соработка со Црвен крст- ОО Гевгелија, ќе продолжи со ваквите превентивни активности за справување со летните горештини.
Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да се заштитат од директна сончева изложеност и да избегнуваат престој на отворено, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот кога температурите во Гевгелија го достигнуваат пикот.