Заеднички настап на „Бојмија“ и „Мегдан“ како дел од активностите за „Гевгелиско културно лето“
Изминатиов петок, „Гевгелиско културно лето“ беше
во духот на фолклорната традиција. На платото пред Народниот театар- Гевгелија, пред многубројната публика, се разиграа членовите на Ансамблите „Бојмија“- Гевгелија и „Мегдан“- Богданци, претставувајќи се со кореографии и песни од ботатото фоклорно наследство од подрачјето на југоисточното поднебје, но и пошироко.
Имено, двата ансамбла ја изразија својата благодарност до организаторите ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и Пионерскиот дом што им овозможија да бидат дел од „Гевгелиско културно лето“ и да го збогатат културниот живот на граѓаните од општина Гевгелија.