Отворен Меморијалниот турнир во баскет „Иван Пенов“
Со одигрувањето на натпреварите помеѓу првите јуниорски екипи,
започна Меморијалниот турнир во баскет „Иван Пенов“. Официјално, за отворен турнирот го проласи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по осветувањето на реконструираното кошаркарско игралиште.
- Верувам дека баскет-турнирот „Иван Пенов“ ќе биде традиционален, ќе расте низ годините и низ него ќе продефилираат многу млади кошаркари и спортисти. Обврска на градот и општината е да дава целосна поддршка на овие настани кои придонесуваат за популаризација на спортот во општина Гевгелија, истакна Сарамандов, кој од страна на организаторите доби дрес, на кој е испишано неговото презиме и бројот 6, со кој Иван Пенов играше во КК „Кожув“.
Првиот натпревар во категоријата сениори беше одигран помеѓу екипите на Живинарска фарма „Стокол“ и „Фантоми север“, кој заврши со резултат 15:9. Во продолжение на првата вечер од Меморијалниот турнир, се натпреваруваа: Restaurant Cream - Monopoly coffe, „Дон Андон“ - Homemade Negorci, „Партизан Моин“ - „Кожув“, Monopoly coffe - Cabrela cofe и „Дон Андон“ - Tren. Вечерва, со почеток во 19:00 часот, Турниот продолжува со натпреварите помеѓу јуниорските и сениорските екипи, а распоредот е објавен на официјалната Фејсбук-страна Меморијален турнир- Иван Пенов.