Маици со туристичко лого на Општина Гевгелија, дел од материјалите за промоција на туризмот
Изминатиов период, Општина Гевгелија со сите чинители
во туризмот од нашата општина работеa и заеднички го издигнаа туристичкиот идентитет на Гевгелија, од која соработка произлезе и туристичкото лого со неговиот слоган.
Во рамките на првичните активности за промоција на туризмот, се отпечатени маици со логото кое го носи слоганот Gevgelija Spice up the journey, а на него се претставени сонцето, срцето и кривата. По што е препознатлива и Гевгелија, по летните горештини, мирољубивиот и гостопримлив народ, како и убавините на планината Кожуф.
Општина Гевгелија првиот чекор од промотивната кампања го направи во соработка со угостителските објекти, каде вработените ќе ги носат маиците во боите на новиот туристички идентитет. Имајќи го предвид фактот дека угостителските објекти за странците, кои транзитираат низ градот, се честа дестинација за кратка пауза, освежување или здивнување.