Заврши вториот по ред Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“, наградени победниците
Со одигрувањето на последните натпревари, настапот
на танцовото студио „Мистик денс“ и прогласувањето на победниците, вчера, заврши вториот по ред Меморијален турнир во баскет 3х3 „Иван Пенов“. На финалниот натпревар во категоријата јуниори, екипата на „Римаг“ ја совлада екипата на „Амигос“ со резултат 15:3. Така што, наградата за прво место од 300 евра ја освои „Римаг“. На второто место се позиционираа „Амигос“, освојувајќи ја наградата од 200 евра и „Балерс“ на третото место, освојувајќи ја наградата од 100 евра.
Со резултат 21:12 заврши финалниот натпреварот помеѓу „Дон Андон“ и ЖФ „Стокол“, во категоријата сениори. Со победата, „Дон Андон“, ja oсвои наградата за првото место во висина од 800 евра, позиционирајќи ја екипата на ЖФ „Стокол“ на второто место, со освоена награда во висина од 600 евра. Третото место и наградата во висина од 400 евра им припадна на екипата на „Ресторан Крим“.
За победник во шут за 3 поена е прогласен Никола Бојчев, Димитар Лазаревски за MVP на турнирот, а Илија Колев за MVP во финалето. Во знак на благодарност, од страна на организаторите им беа доделени плакети на сите покровители и поддржувачи кои помогнаа во реализацијата на Меморијалниот турнир во чест на Иван Пенов.
Натпреварите помеѓу пријавените 21 екипа беа одиграни во вечерните часови, во периодот од 28 јули до 4 август, на кошаркарското игралиште на улица „Илинденска“.