Црвен крст- Гевгелија вклучен во промоцијата на туристичките потенцијали на општина Гевгелија
Активно продолжува соработката помеѓу Општина Гевгелија
и ОО Црвен крст- Гевгелија. Во рамките на активностите на Општина Гевгелија за промоција на туризмот, се вклучени и волонтерите во Клубот на младите на ОО Црвен крст Гевгелија. Облечени во својата опрема и во маиците со новото туристичко лого на градот, на повеќе локации делеа инфо-материјали на граѓаните и туристите за туристичките потенцијали на општина Гевгелија.
ОО Црвен крст- Гевгелија најави дека во промовирањето на туристичкиот капацитет ќе ја даде својата поддршка и во наредниот период, до крајот на летото, се со цел привлекување повеќе домашни и странски туристи.