Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на фекална канализација во Милетково
Општина Гевгелија ќе аплицира на Јавниот повик на
Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија со проект: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на животот“, за изградба на фекална канализација во село Милетково. Условот за аплицирање е локалната самоуправа да учествува со средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, односно со 50% сопствено учество од вкупната вредност на проектот во висина од 268.354 евра, за што Советот на Општина Гевгелија на денешната 14 седница донесе Одлука за кофинансирање на проектот.
Покрај главната активност- изградба на фекална канализација во село Милетково во должина од 1.652 м., проектот предвидува и активности за подигање на свеста и зголемено знаење на населението и општествените чинители за управување со природните ресурси преку кампањи и организација на обуки. Доколку биде одобрен проектот, со неговата имплементација ќе биде решен еден од најгорливиот проблем во населеното место, недостатокот на комунална инфраструктура.