Градоначалникот Сарамандов им посака успешен почеток на учениците во новата учебна година
Со културно-забавни приредби приредени од учениците
од погорните одделенија и одделенските наставници на првиот училиштен ден, првачињата беа средечно дочекани во училишните дворови на општинските основни училишта во општина Гевгелија. На кои во ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Општина Гевгелија за 231 прваче обезбеди училиштен прибор како симболичен подарок за преминот во прво одделение.
Градоначалникот Сарамандов им посака успешен почеток во основното образование на првачињата и лесно поминати дни во училишните клупи, успешно стекнување нови знаења, другарување и авантури. Исто така, им го честиташе почетокот на новата учебна година и на останатите ученици и наставници во основните и средното училиште во Гевгелија, со желби за многу успеси, продолжувајќи ја традицијата и мисијата на гевгелиските училишта за квалитетно образование на учениците и успешни постигнувања на секое рамниште од воспитно-образовниот процес, за што упати благодарност за нивниот континуиран придонес.