Продолжуваат хуманитарните активности во рамки на меѓусебната соработка помеѓу Општина Гевгелија, УНХЦР И ЈУМЦСР- Гевгелија
Преку проектот кој Општина Гевгелија, УНХЦР и
Меѓуоштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија заеднички го спроведуваат, согласно потпишаниот Меморандум за меѓусебна соработка за помош на лицата кои се нашле во социјален ризик, денеска, беа предадени обезбедените донации преку интернет-алатката на веб-страната на Општина Гевгелија, наменета за таа цел.
Како дел од активностите за хуманитарна помош, деновиве беа посетени неколку семејства во општина Гевгелија, како и Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде на привремено згрижените мигранти им беше дистрибуирана донираната облека. Донацијата во фамилиите во Гевгелија покрај облека опфаќа и еден десктоп-компјутер. Претставниците од Општина Гевгелија и УНЦР ја изразија својата благодарност за покажаната хуманост на граѓаните на општина Гевгелија и за собраната помош. Со надеж дека ова ќе биде поттик за повеќе граѓани да се вклучат во донирањето одреден вид помош како: облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати и сл. за ранливите категории граѓани на подрачјето на Општина Гевгелија, на кои помошта секогаш им е добредојдена.