Јавна презентација и јавна анкета за изменување и дололнување на дел од Блок 5 од УП за село Богородица
Општина Гевгелија организира јавна презентација и
јавна анкета за изменување и дополнување на дел од Блок 5 од Урбанистички план за село Богородица, КО Богородица, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 3 октомври, 2022 година), во Младинскиот дом „Мите Танов- Коми“, со почеток во 11:00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена и тоа од 3 октомври до 2 ноември, 2022 година.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 12.973,73 метри квадратни. Предметниот плански опфат е ограничен со осовините на улиците: „Сервисна 2“ и станбените улици „18“, „21“ и „22“ кои формираат една целина на дел од Блок 5 од Урбанистичкиот план за село Богородица.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.