Општина Гевгелија- добар пример за отчетност кон граѓаните
Општина Гевгелија е оценета со 11 индекс-поени од мерењата
за степенот на фискална транспарентност за периодот 2021/2022 година, кои се вршат во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. И годинава, Општина Гевгелија ги задржува своите високи 11 индекс-поени, како и во претходното спроведено истражување, со тоа што во Извештајот за фискална транспарентност кај општините- буџетска и даночна транспарентност, Општина Гевгелија од општините во Југоисточниот Регион, кои се партнер-општини на проектот, се класифицира во локалните самоуправи со добар пример за отчетност кон граѓаните.
Во однос на интензитетот на даночната транспарентност кај ЕЛС, Општина Гевгелија со 55 % спаѓа во општините со висок степен, а го дели првото место со Општина Валандово од општините во Југоисточниот Регион.
Истражувањето се спроведува врз основа на објавените буџетски документи и документите кои се поврзани со транспарентноста за процесот на донесување на буџетите на ЕЛС, согласно законската регулатива. Извештајот за фискална транспарентност е подготвен од Центарот за економски анализи во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.