Проектни активности- Реконструкција на Младинскиот дом во Богородица, нова урбана и опрема за рециклирање
Во Општина Гевгелија ќе бидат реализирани три проекти
со финансиска поддршка на Бирото за регионален развој, со кои Општината аплицираше на објавениот Јавен повик за финансирање проекти за развј на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ги потпиша договорите со Бирото за регионален развој за реконструкција на Младинскиот дом „Мите Танов Коми“ во Богородица, поставување на урбана опрема во детски игралишта во Негорци, Прдејци и Богородица, како и поставување на урбана опрема за рециклирање отпад во Гевгелија. Советот на Општина Гевгелија, претходно донесе Одлуки за издвојување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, како предуслов за аплицирање на повикот. Од петте аплицирани проекти, Општина Гевгелија доби финансиски средства за реализација на три проекти.
Реконструкцијата на Младинскиот дом во Богородица ќе чини 10.224.234 денари, а општинското учество е 2.044.847 денари. Во Негорци, Прдејци и Негорци ќе биде поставен урбана опрема за детски игралишта во вредност од 4 милиони денари, од кои Општината ќе обезбеди 2 милиони денари, додека вредноста на новонабавените контејнери и канти за рециклирање на отпад во Гевгелија ќе изнесува 4 милиони денари со општинско учество од 1,2 милиони денари.
Во моментот, во Општина Гевгелија, во тек е реализација на шест проекти со финансиска поддршка од домашни и странски програми, но и со сопствено учество. Изградбата на последната делница од патот за Ума е во завршна фаза, вкупната вредност на зафатот изнесува 6.751.000 денари, од кои 1.339.234 денари се сопствени средства, а другите грант од Бирото за регионален развој. Исто така, во завршна фаза е целосната изградба и уредување на Младинскиот дом во Прдејци, како и изработката на урбанистичките планови за населените места Милетково, Моин и Давидово. По завршувањето на тендерската постапка, ТППЕ- Гевгелија ќе добие ново противпожарно возило, вредно 12.196.555 денари, обезбедено преку ЈИПР од ИПА-ППС меѓу Република Грција и Република Северна Македонија.
По завршувањето на Јавниот повик во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, што Општина Гевгелија го реализира со УНДП, избрани се три граѓански проекти за реализација. Еден од прифатените проекти е „Врснички форум театар против насилството во училиштата“ на Здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“, во соработка со Општина Гевгелија, чија реализација веќе започна. Во рамките на овој проект ученици, наставници, родители и стручни работници ќе го третираат проблемот на врсничко насилство во училиштата од општината, со цел да се преземат превентивни мерки и активности. Со проектот на АМД „Дичо Панов“ „Гевгелија вело град“ ќе се реализираат повеќе активности за уредување на Гевгелија во вело град, додека Здружението SWAM ќе го реализира проектот за рекреација на младите луѓе.
Во рамките пак на проектот на УСАИД за јакнење на финансискиот капацитет на локалната самоуправа, се изработува Стратегија за локален економски развој на Општина Гевгелија 2023-2027. Во изминатиов период, Општина Гевгелија аплицираше на објавените јавни повици од десеттина меѓународни и домашни институции за финансиска поддршка на одделни проекти. Самостојно или како дел од проектната програма на ЈИПР, а резултатите допрва се очекуваат.