И оваа недела изменет сообраќаен режим на ул. „7 Ноември“ заради градежни активности
Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека и
оваа недела, од 10 до 14 октомври ќе има изменет сообраќаен режим на улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија- Негорци, заради изведба на градежни работи за конструкција на атмосферска канализација на улицата „Никола Карев“.
Се апелира до учесниците, да го пренасочат сообраќајното движење согласно наведениот календар на активности:
- понеделник (10.10.2022 г.), од 08:00 до 12:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на лева лента на патен правец Гевгелија-Негорци;
- понеделник (10.10.2022 г.), од 12:00 до 16:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на десна лента на патен правец Гевгелија-Негорци;
- вторник (11.10.2022 г.), од 08:00 до 16:00 часот, армирање и бетонирање на подна плоча на шахта SC1;
- среда (12.10.2022 г.), од 08:00 до 16:00 часот, армирање и бетонирање на ѕидови на шахта SC1;
- четврток (13.10.2022 г.), од 08:00 до 16:00 часот, армирање и бетонирање на горна плоча на шахта SC1 и монтажа на лиено-железен капак;
- петок (14.10.2022 г.), од 08:00 до 16:00 часот, завршни работи.