Општина Гевгелија ја проширува соработката со МОФ за младите во Гевгелија
Денеска, во Општина Гевгелија, претставници на
општинската администрација остварија средба со претставници на Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF, Јоана Треневска и Петар Барлаковски, заедно со претставник на РЦОР- Гевгелија, Катица Хаџи-Николова Трајковска. На средбата, стана збор за соработката со Општина Гевгелија и намерата на МОФ за отворање Локална канцеларија во просториите на РЦОР- Гевгелија. Локалната канцеларија на МОФ во Гевгелија ќе работи на овозможување неформално образование за дебата, правна писменост, активизам и креативна слобода. Канцеларијата редовно ќе известува за последователни активности на младинските клубови што ќе функционираат и редовно ќе известува за сите планирани активности во Гевгелискиот Регион.
Покрај тоа, беше презентиран и документот за јавни политики „Младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа“ кој е изработен во рамките на проектот: „Младински политики за подобар животен стандар на млади од помали средини“, а финансиски поддржан од Фондацијата „Отворено општество“- Македонија. На кое му претходеше истражување на МОФ за застапување на младинските приорирети во седум општини од Полошки, Источен, Југоисточен и Југозападен Регион, во соработка со младинските локални организации. На 6-те работилници учествуваа и млади од Општина Гевгелија и ги мапираа проблемите со кои се соочуваат во општината.
Во согласност со спроведувањето на Законот за младински политики и младинско учество, беа дадени препораки до локалната самоуправа за реализација на информативни посети во училиштата, на кои ќе бидат промовирани назначениот службеник за млади во општината и неговата улога, како и улогата на Локалниот младински совет. Беше посечена и потребата од редовни посети и од страна на другите службеници, со цел младите да воспостават комуникација и да ги пријават проблемите, да постават прашања или да споделат идеи.