Богородица ќе добие објект за општествени активности
Во населеното место Богородица, започнаа градежните активности
за реконструкција на старата кафеана „Винојуг“. По изборот на изведувачот и склучениот договор со градежна фирма, веќе во тек е воведувањето во градежно-занаетчиските работи за реновирање на внатрешниот простор и надворешниот дел на стариот објект, при што градоначалникот на општина Гевгелија изврши увид во истите. Имено, истакна дека ставањето во повторна функција, но како општествено- корисен објект, е од големо значење за богородичани.
Реконструкцијата и реновирањето на старата кафана „Винојуг“ во населеното место Богородица се реализира со средства издвоени од Буџетот на Општина Гевгелија.