Започна со работа Локалниот младински совет на Општина Гевгелија
Со одржувањето на првата конститутивна седница,
официјално започна со работа Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. Од редовите на членството, во состав на Кристијан Алчинов, Памела Петровска, Атанас Епов, Тијана Ристовска и Георги Петков, беше донесена одлука Кристијан Алчинов да биде претседател, а Тијана Ристовска, заменик-претседателка на локалното младинско тело. Исто така, на седницата, беше усвоен и Деловникот за работа.
Општина Гевгелија, на членовите на ЛМС им посакува успешно делување во застапувањето на младинските политики и реализација на активности кои ќе го подобрат статусот на младите на локално ниво.