Наскоро, во Негорци ќе биде пуштен во употреба новиот водоснабдителен систем
Во населеното место Негорци, градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, заедно со претставници на градежната фирма „Жикол“ и директорот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Раско Чочков, извршија увид во изведбените работи за изградба на новиот водоснабдителнен систем во населеното место и приклучување на цевководот на градскиот водовод, кои се во завршна фаза. Притоа, беше констатирано дека наскоро ќе биде пуштен во употреба новиот систем за водоснабдување откако беше извршено тестирање на притисокот на вода, а по тестирањето ќе уследи и прочистување со дезифенкција на цевководот, чија должина изнесува 6.405 метри.
Со што, преку овој зафат, ќе биде решен долгогодишниот проблем со честите прекини и подобрено водоснабдувањето за околу 2.500 жители во Негорци.