ООМУ „Васо Карајанов“- редовен учесник во програмата за одбележување на 7 Ноември
Јана Димитрова, Ребека Атанаскова, Матеа Тунџева, Андреј Данилов,
Илија Димов, Викторија Каракабакова, Елена Анчева, Филип Трајков, Ана Димитрова, Благоја Стоев, Ана Димитрова, Благоја Стоев, Јана Димитрова, Дарко Ѓуровски и Јована Дупарова се тринаесетте ученика од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, кои, вчера, ја збогатија седмоноемвриската програма со своите изведби класични дела од различни композитори на инструментите: флејта, пијано, виолина и кларинет.
Под менторство на нивните професори: Сузана Стефанова, Соња Панова, Маја Зафирова, Влатко Сапламаев, Александар Лазаров и Костадин Издушнов, а во корепетиција на Соња Јованова, пред присутните, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, учениците уште еднаш ги потврдија својот музички талент и виртуозност, но и квалитетот во музичко воспитно-образовниот процес, преку кој ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со години оформува потенцијални музички кадри.
Концертот беше отворен од страна на директорката на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефанова, која накратко ја презентираше програмата за концертот, истакнувајќи дека со години по ред ООМУ „Васо Карајанов“ го збогатува музичкиот живот во Гевгелија и учествува во програмата за чествување на општинскиот празник. Притоа, ја упати својата благодарност и за годинашната покана од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за учество на ООМУ „Васо Карајанов“ во културните активности по повод 7 Ноември.