Во недела, NOVEMBER RUN GEVGELIJA и „Фолклорен ѓердан“
Во недела (6 ноември, 2022 година), со почеток во 09:00 ч.,
ќе биде одржана долгоочекуваната November run Gevgelija, која ќе го забележи своето второ издание во организазција на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, а во рамки на програмата за одбележување на 7 Ноември.
Оваа година, како што најавија од АК „7 Ноември“, трката оди едно ниво повисоко, како со бројот на учесници, така и со самата организација, со што Гевгелија претендира, за само две години, да биде градот во кој ќе се организира еден од најголемите спортски настани во овој регион. За учество на трката на 5 километри се пријавени 398 натпреварувачи, додека на трката на 10 километри се пријавиле 491 натпреварувач. Покрај учесниците од Македонија, на трката ќе има натпреварувачи од Србија, Грција, Косово, Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија. Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите е во 11:00 часот.
Вечерта, на 6 ноември, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија ќе се одржи манифестацијата со мултиетнички карактер „Фолкорен ѓердан“, во организација на Пионерскиот дом- Гевгелија. На концертот, фолклорното богатство ќе го презентираат: Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, КУД „Српски вез“- Куманово, КУД „Илинден“- Битола, Ансамбл „Ибе Паликуќи“- Чаир, Скопје и Ансамбл „Студио фолклор“- Скопје.