Во понеделник, гостува театарската претстава „Секс и лаги“
Во понеделник (7 ноември, 2022 година), на сцената во
Народниот театар- Гевгелија, ќе биде изведена театарската претстава „Секс и лаги“. Станува збор за претстава од репертоарот на Театар Куманово, работена според текст на Марк Камолети, а во режија и адаптација на Драгана Таневска. Улогите ги толкуваат: Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Анастасија Величковиќ, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Никица Јанковски.
- Комедијата „Секс и лаги“ е спој помеѓу интригата и љубовта, страста и моралот, вистината и лагата, сведоштво за начинот на кој се третирани љубовните и семејните релации помеѓу маж и жена. Ова е претстава во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични, ќе истакне драматургот на претставата, Симона Тоскиќ.
Премиерното изведување на „Секс и лаги“ во Гевгелија ќе започне во 20:00 часот.