November Run Gevgelija запиша два празнични датума во спортскиот календар на Гевгелија
Гевгелија во својот спортски календар запиша два празнични датума
со Атлетската трка NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Во неделата, на главниот спортски настан, по гевгелиските улици на трките на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција, трчаа 870 атлетичари од: Македонија, Србија, Грција, Косово, Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија. Иако временските услови не беа погодни за трчање, сепак, љубителите во атлетиката, но и организаторот, го покажаа својот непокор оваа трка да биде успешно реализирана.
Од вкупната бројка учесници, скоро сите ја достигнаа крајната цел, а меѓу најдобрите на тркаата на 10 километри во машка конкуренција беа: Муса Хајдини од Косово со освоено прво место, Атанас Анчевски со освоено второ место и Жан Тосев од Македонија со освоено трето место. Додека, на трката на 10 километри, во женска конкуренција најдобри беа: Aндријана Поп Арсова од Македонија со освоено прво место, Греса Бакраги од Косово со освоено второ место и Милјана Ристиќ од Македонија со освоено трето место. Имено, Андријана Поп Арсова на трката во Гевгелија го постави новиот државен рекорд со 34:02 мин., запишувајќи ја Гевгелија како место каде е поставен нов рекорд со истрчано време на трка на 10 километри.
На трката на 5 километри во машка конкуренција, првото место го освои Астрит Криезиу од Косово, второто место Мариос Балаукос од Грција, а третото место Трајче Илиевски од Македонија. Солидни места освоија и членовите на АК „7 Ноември“- Гевгелија. Ристо Чалков се позиционираше на осмото место, Насе Епов на тринаесеттото, а зад него Стојан Делев. Заедно со Методија Ичев, овие членови на АК „7 Ноември“- Гевгелија го постигнаа најдобриот тимски резултат на трката на 5 километри. Во женската конкуренција, Магдалена Станковска беше прва, а зад неа Тамара Јолевска од Македонија и Мери Шешо.
На Детската трка во должина од 1 километар, која се одржа во саботата, учествуваа петстотини дечиња, поделени во три категории. Сами или во придружба на своите родители, ги трчаа гевгелиските улици за да ја постигнат крајната цел. Во категоријата 2009-2010-2011 година, меѓу најдобрите беа: Варвара Атанасовска со освоено прво место, Анастасија Рашиќ со освоено второ место и Ана Марија Бојчева со освоено трето место. Во машка конкуренција- Лазар Јаневски со освоено прво место, Матеј Радински со освоено второ место и Андон Кованцалиев со освоено трето место. Во категоријата деца 2012-2013-2014-2015, во женска конкуренција на првото место се позиционираше Хана Климкаров, а зад неа Клара Дуева и Јана Атанасова. Во конкуренцијата момчиња, Максим Ангов, а зад него Димитар Гелов и Марко Јовановиќ. Во категоријата 2016 и помали, Марија Динева ги освои првото место, Ева Ѓошева второто и Дарија Јаревска третото, во конкуренцијата девојчиња. Во конкуренцијата момчиња, на листата со три први места се запишаа Томче Петков, Митко Лешев и Даријан Јаневски.
За сите учесници беа обезбедени финишер-медали, а за најдобрите пехари и дипломи.