„Фолклорен ѓердан“- спој на сите етникуми
Дека фолклорот не познава граници и никакви разлики
по каква било основа, туку спој на сите етникуми, тоа го докажа Манифестацијата на традиционални песни и ора со мултиетнички карактер „Фолкорен ѓердан“. Во организација на Пионерски дом- Гевгелија и Ансамбл „Бојмија“, вчера, на сцената во Народниот театар- Гевгелија, покрај домаќините, традиционалното фолклорно богатство од етничките предели го презентираа уште 4 ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија. Публиката уживаше во изведбите на традиционалната песна и поставки на кореографии, и тоа од: КУД „Српски вез“ од Куманово, КУД „Илинден“ од Битола, Ансамблот „Ибе Паликуќи“- Чаир, Скопје и Ансмаблот „Студио фолклор“ од Скопје, а во рамки на програмата за одбележување на 7 Ноември.
Во рамки на „Фолклорен ѓердан“, во Фоајето на Народен театар- Гевгелија, беше поставена Изложбата на фотографии, на кои беа прикажани традиционалните носии од етничкиот предел „Бојмија“, во кој спаѓа и Гевгелиската Котлина, а се во сопственост на Ансамблот за традиционална игра и песна „Бојмија“- Гевгелија.
Проектот е поддржан од Општина Гевгелија и Министерството за култура.