Првата честитка за 7 Ноември, Сарамандов ја доби од дечињата во ЈОУДГ „Детска радост“
Првата честитка за празникот 7 Ноември- Денот на ослободувањето
на Гевгелија, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја доби од најмалите граѓани на општина Гевгелија, дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија. На приемот, малите дечиња, во придружба на нивните воспитувачки и негувателки, со песнички за Гевгелија и рачно-изработен подарок му го честитаа 7 Ноември на градоначалникот Сарамандов.
Градоначалникот Сарамандов, исто така, им го честита Општинскиот празник на вработените во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и на дечињата, посакувајќи им добро здравје, да бидат радосни и да ги слушаат своите воспитувачки и негувателки. Од Општина Гевгелија, дечињата добија симболични подароци.