Средба на Сарамандов со Македонската кошаркарска репрезентација по повод квалификационите натпревари во Гевгелија за Европското првенство во кошарка
По повод одржувањето на квалификационите натпревари
за Европското првенство во кошарка, во Гевгелија, градоначалникот на општина, Андон Сарамандов, денеска, на приемот во Големата сала на Општина Гевгелија, имаше средба со репрезентативците и Стручниот штаб на Македонската кошаркарска репрезентација. Имено, во спортската сала „26 Април“, на 10 и 13 ноември, Гевгелија ќе биде домаќин на одржувањето на натпреварите со Норвешка и Данска.
Градоначалникот Сарамандов им посака успех и победа на Македонската кошаркарска репрезентација на претстојните натпревари во Гевгелија. Исто така, го изрази своето задоволство за афирмацијата на Гевгелија како значаен спортски центар. Имајќи предвид дека во Гевгелија беше одржан и меморијалниот Меѓународен турнир во кошарка „Боби Петковски“ во организација на Општина Гевгелија, Кошаркарската федерација на Македонија и КК „Кожув“, на кој машката репрезентација на Македонија М-18 ја понесе победата на Турнирот, помеѓу репрезентациите на Бугарија, Грција и Црна Гора.