На 13 ноември, „Гевгелија на точак“
Во организација на Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“,
и годинава во повод 7 Ноември, ќе биде одржано спортското дефиле „Гевгелија на точак“, кое ја оживеа традицијата на седмоноевмриските трки на велосипед по гевгелиските улици, почнувајќи од 2020 година. Спортскиот настан ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 14:00 часот. Стартот ќе биде пред Зградата на стариот Извршен совет, на улицата „Маршал Тито“. Вкупната должина на патеката за возење со велосипедите по гевгелиските улици изнесува 5 километри.
- Секој кој сака да биде дел од настанот, треба само да има велосипед и да биде десеттина минути пред почетокот на настанот. Покрај идејата да се врати изумрената традиција, „Гевгелија на точак“ има за цел да ја подигне свеста на граѓаните дека не треба за кратки релации да се користи возило кое ја загадува животната средина, имајќи предвид дека нашиот град има поволни услови за возење велосипед, велат организаторите, кои очекуваат зголемен број на учесници не само од Гевгелија туку и од регионот.
Настанот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските манифестации и настани за 2022 година.