Трета седница на Локалниот младински совет
Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, на 11 ноември,
2022 година, ќе ја одржи својата 3. седница. На седницата која е закажана во Големата сала на Општина Гевгелија, со почеток во 15:00 часот, членовите треба да ја усвојат Предлог-Програмата за работа на ЛМС на ОГ и, согласно законскиот рок предвиден во Деловникот за работа на ЛМС, до 15 ноември, истата да ја достави до Советот на Општина Гевгелија.
Имено, пред закажувањето на 3. седница, членовите на Локалниот младински совет и Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија работеа на креирањето Предлог-Програма со мерки и активности, согласно потребите и интересите на младите од општина Гевгелија.