Во Гевгелија, Македонија ја совлада Норвешка
Токму во Гевгелија, во спортската сала „26 Април“,
на квалификациониот натпревар за пласман на Европското првенство во кошарка, Македонската сениорска репрезентација ја совлада Репрезентацијата на Норвешка. Македонците ги победија Норвежаните со резултат 58:36, во рамки на третото коло во групата Д. Најефикасни во нашата репрезентација беа Војдан Стојановски и Бојан Крстевски, со по 14 поени.
Следниот натпревар за квалификациите на Европското првенство во кошарка помеѓу машките Репрезентации на Македонија и Данска ќе биде одигран повторно во Гевгелија, на 13 ноември. Од вкупно одиграните три натпревари, МСР на Македонија има остварено 3 победи.