„Од 7 до 77“ на велосипедското дефиле „Гевгелија на точак“
„Од 7 до 77“, скоро 1000 граѓани од Гевгелија и други општини,
со своите велосипеди, ја поминаа маршрутата во должина од 5 километри, од спортското дефиле „Гевгелија на точак“. Ова беше третото по ред успешно организирано возење со велосипеди по гевгелиските улици од страна на Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“ од Гевгелија. Најмалите точкаџии беа на возраст од 6 години, а највозрасните- пензионерите. По завршувањето на дефилето, беше организирана и забава, зачинета со игра за најмалите, а со музичка програма за повозрасните.
Задоволни од одѕивот на годинашните учесници, организаторите ја истакнаа својата благодарност до сите кои учествуваа, како и до спонзорите и поддржувачите на овој спортки настан по повод 7 Ноември. И тоа, до: ПЗУ „Диамед“, „ДНКВ Комерц“, „Компанија Јанковски, пекара „Житко“, пиљара „Еленче“, „Тас-Ком“- Мрзенци, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и Општина Гевгелија.
Овој спортски настан, кој, освен што има за цел да ја оживее традицијата на поранешните седмоноемвриски велосипедски трки, исто така, има за цел да ја развие свеста за што почесто користење на велосипедот како превозно средство, имајќи предвид дека Гевгелија е идеална за возење велосипед.