Гевгелија, победничка за Македонската кошаркарска репрезентација
Гевгелија, каде беа одржани два квалификациони натпревари
за пласман на Европското првенство во Кошарка, беше победничка за сениорската Македонска кошаркарска репрезентација. Во неделата, публиката од трибините во спорската сала „26 Април“- Гевгелија славеше за победата над Норвешката кошаркарска репрезентација, која нашите репрезентативци во последните минути ја извојуваа со 3 погодоци разлика.
Најдобар играч во натпреварот беше АмериканецотТи-Џеј Шортс со 33 поени, шест асистенции и три скока. Покрај Шортс, двоцифрен број во победничкиот состав постигнаа и Стојан Ѓуровски - 11 и Војдан Стојановски - 10. Кај гостите се истакна Дарбо со 21 поен,
Со одиграниот натпревар, нашите кошаркари ја запишаа четвртата победа во исто толку натпревари во претквалификациите за Евробаскет 2025. По четири кола, Македонците се први на табелата со осум бодови, Норвешка и Словачка имаат по шест, Данците се последни со четири бода.
Имено, пред одржувањето на натпреварот со Данска, дечињата од спортските клубови во Гевгелија, но и љубители на кошарката со нивните родители имаа можност да се дружат одблиску со кошаркарите од СМР, пред платото на Народниот театар- Гевгелија. Средбата за дружење на најмалите со кошаркарите, беше организирана во соработка помеѓу Општина Гевгелија и Македонската кошаркарска федерација.