ЛМС на ОГ ја усвои Програмата за работа за 2023 година
Локалниот младински совет на Општина Гевгелија,
на 11 ноември, 2022 година, ја одржа својата 3. седница. На седницата, членовите на Локалниот младински совет ја усвоија Програмата за работа на ЛМС на ОГ, која ќе ја достави до Советот на Општина Гевгелија како предлог за усвојување во рамките на Буџетските програми за 2023 година. Согласно законските одредби, Општина Гевгелија треба да издвои средства во висина од најмалку 0,1% од Буџетот за имплементација на младинските политики.
Имено, пред закажувањето на 3. седница, членовите на Локалниот младински совет и Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија работеа на креирањето Предлог-Програма со мерки и активности, согласно потребите и интересите на младите од општина Гевгелија.