Зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 4.704.001 денар
Советот на Општина Гевгелија, вчера, ја одржа
својата 18. седница. На седницата, Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови го усвои Ребалансот на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година како резултат на зголемениот износ на дотација од ДДВ за Основниот буџет. Согласно известувањето од Министерството за финансии, со измените и дополнувањата се изврши зголемување на Буџетoт на Oпштина Гевгелија за 2022 година, за 4.704.001 денар за дотацијата на приходи од ДДВ. Така, вкупниот износ на Буџетот на Општина Гевгелија од 514.974.336 денари, со дотацијата на приходи од ДДВ е зголемен на 519.651.337 денари.
Исто така, на оваа седница беше усвоен и Планот за програми за развој на Општина Гевгелија за 2023 година. Во кој документ, како составен дел од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, се опфатени 4 програми и 9 развојни потпрограми со капиталните проекти кои Општина Гевгелија ги реализира или ќе започне со реализација во наредниот период.