Објавен Конкурсот на ОГ за финансирање проекти и манифестации од областа на културата за 2023 г.
Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање проекти и манифестации
од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2023 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Конкурсот е отворен до 19 декември, 2022 година. Пријавите (се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија) со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2023 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање проекти и манифестации од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2023 година, која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.