Во понеделник и вторник, изменет сообраќаен режим на улицата „Илија Миов“- Гевгелија
Градежната фирма „Жикол“ ги известува граѓаните од
општина Гевгелија дека во понеделник и вторник (21 и 22 ноември, 2022) година, поради изведба на градежни зафати за конструкција на атмосферска канализација, на улицата „Илија Миов“, во Гевгелија, ќе има изменет сообраќаен режим.
Се апелира до учесниците да го пренасочат сообраќајното движење, согласно наведениот календар на активности:
- понеделник (21.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе има повремено блокирање на улицата во два периода од денот- од 09:00 до 11:00 часот и од 13:00 до 15:00 ч.;
- вторник (22.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента и ќе има повремено блокирање на улицата во два периода од денот- од 09:00 до 11:00 часот и од 13:00 до 15:00 ч.