19. седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 25 ноември
Советот на Општина Гевгелија, на 25 ноември, 2022 година,
ќе ја одржи 19. седница. На седницата, ќе се разгледува Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Притоа, Градоначалникот на општина Гевгелија ќе одговара и на советнички прашања. На 19. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа и по други актуелни прашања, по следниов дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за период (01.01.2022 - 30.09.2022 година - КУМУЛАТИВ),
2. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година,
3. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Oпштина Гевгелија за 2022 година,
4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2022 година,
5. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2022 година,
7. Предлог-Одлука за утврдување на цена за ѓубретарина на ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2022 година,
9. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година,
10. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
11. Информација за хортикултурното уредување во општина Гевгелија,
12. Информација за состојбата со дивите депонии во општина Гевгелија,
13. Информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија (за сите целни групи),
14. Предлог-Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“ - Гевгелија од редот на вработените,
15. Предлог-Решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“ - Гевгелија од редот на вработените,
16. Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, а ќе започне во 10:00 ч.