Јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.11, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета
за Детален-Урбанистички план, за Блок 15.11 (11.3), општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 25.11.2021 година (петок), со почеток во 10 часот. Деталниот-Урбанистички план за Блок 15.11, општина Гевгелија, ќе биде изложен во просториите на Секторот за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија. Јавната анкета ќе трае 30 дена, односно од 25.11. до 25.12.2022 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот-Урбанистички за Блок 11 (11.3), општина Гевгелија зафаќа површина од 1,62 ха. Предметниот плански опфат е ограничен со осовините на собирна улица „Новопланирана 1“- на север, сервисна улица „СЕ-9“ на запад и продолжува по западните граници на КП 405/2 и КП 405/1 до пресекот со границата на КП 5867 и се движи по северозападната граница на КП 5867, 5863/1, 5863/2, 5857 и КП 5856/1, до пресекот со осовината на собирна улица „Новопланирана 1“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.
Јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.11, општина Гевгелија