Општина Гевгелија со повик за пријавување деца за посета на Курс по тапани
По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, за поголема ангажираност на младите од општина Гевгелија, се отвора и Курс за изучување на инструментот тапани. За таа цел, Општина Гевгелија oбјави повик за пријавување деца, на возраст од возраст од 7 до 18 години.
Децата кои сакаат да го посетуваат курсот, треба да се пријават во периодот од 22 до 29 ноември, 2022 година, од 08:00 до 15:00 часот, на телефонскиот број: 071/495-381, лице за контакт: Moмчило Делев.
Курсот за изучување тапани ќе се одржува во просториите на Пионерскиот дом- Гевгелија, а ќе го води Момчило Делев.