Јавен повик за учество на претставник од граѓански организации за набљудувач во Комисија за евалуација на предлог-проекти во рамките на ReLOaD 2
Заради обезбедување транспарентен и отворен процес на селекција
на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на ReLOaD 2 проектот, Општина Гевгелија, во соработка со УНДП, објавува Јавен повик за изразување интерес на претставник од граѓанските организации за учество како набљудувач во Комисијата за евалуација на поднесените предлог- проекти од граѓанските организации. Крајниот рок за доставување на апликациите на претставници од граѓанските организации за учество во Комисијата за евалуација е до 12 декември, 2022 година, до 16:00 часот. Кандидатите треба да ги достават документите по електронски пат, на следнава е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Повеќе информации за условите во Повикот, начинот на аплицирање, потребната документација и обврските на набљудувачот можат да се добијат кај одговорниот проектен координатор: Весна Попова (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна цел на ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети, со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на општина Гевгелија.