Во Гевгелија, голем интерес за најновиот филм на Манчевски „Кајмак“
Вчера, прикажувањето на филмот „Кајмак“ во Гевгелија,
во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, предизвика голем интерес кај гевгеличани. Најновиот филм на македонскиот режисер, Милчо Манчевски, беше проследен од многубројната публика на разни возрасни генерации, кои го исполнија капацитетот во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија. Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да се смести во кој било. Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства.
Во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.