Донесени повеќе одлуки и решенија на 19. седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија ја одржа 19. седница.
Со почеток на 25, а продолжение на 26 ноември, 2022 година, на седницата беа донесени повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот на Општина Гевгелија го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 01.01 - 30.09. 2022 година, кумулатив. Со мнозинство гласови беа усвоени и Измените и дополнувањата на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година, висината на цената за собирање, транспортирање и остранување на комуналниот цврст отпад на подрачјето на општина Гевгелија, измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2022 година и измените во Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година.
Покрај ова, на 19. седница, пред членовите на Советот уследија и Информации за: хортикултурното уредување во општина Гевгелија, состојбата со двите депонии во општина Гевгелија и состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија. Притоа, Советот на Општина Гевгелија разреши стар и именува нов член во Управниот одбор на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија од редот на вработените. За потребите на проектот „Подобрување на социјалните услуги“, за кој Општина Гевгелија заедно со Општина Богданци и Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија аплицираа за грант на Јавниот повик на МТСП за воведување на услугата лична асистенција на лица со попреченост, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за давање на времено користење простории во период од 10 години на ОО Црвен крст- Гевгелија.
Во врска со настанот во ЈОУДГ „Цветови“, со мнозинство гласови Советот ги усвои препораките до МТСП , поднесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија. Во препораките е нагласено: да биде разрешена директорката на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија поради нестручно и несовесно работење, МТСП ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија и на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот на донесување на годишна завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“ - Гевгелија, одземена со Решение бр.16-3102/1 од 07.04.2022 година, МТСП да ја врати надлежноста на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за избор на кандидат предложен од Управниот одбор за директор на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија, одземени со Решение ИП1 16-4733/33 од 27.06.2022 година и МТСП да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија во делот за именување и разрешување на претставници од родители на деца згрижени во ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија во Управниот одбор на ЈОУГД „Детска радост“-Гевгелија, одземени со Решение ИП1 16-559/3, од 01.11.2022 година.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, на 19. седница на Советот на Општина Гевгелија одговараше на советнички прашања.