Усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за периодот 1.1. - 30.9.2022 г.
Советот на Општина Гевгелија, на 19. седница, го усвои
Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија, за периодот 01.01. - 30.09. 2022 година, кумулатив. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2022 година, во висина од 514.947.336 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 335.904.892 денари или 65,23%, од кои 13.109.446 денари за капитални приходи, а 322.795.446 денари опреративни приходи. Од планираните приходи во Основниот буџет во висина од 223. 913.132, во периодот од 01.01. - 30.09. 2022 година, реализирани се 67,88% или 151.994.008 денари. Во споредба со 2021 година, во третиот квартален период, реализирани се 137.751.631 денар, со зголемена реализација на Основниот буџет за 14.242.377 денари или 9,37%.
Додека, вкупните расходи во Кварталниот извештај учествуваат со средства во висина од 319.385.829 денари, од кои 284.062.232 денари за тековно оперативни расходи и 35.323.597 денари капитални расходи. Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 149.349.145 денари, капиталните расходи учествуваат со средства во висина од 33.717.353 денари или 22,57%.