Поради градежни активности, од 29.11. до 03.12.2022 г. изменет сообраќаен режим на ул. „Никола Карев“ и „Серменинска“ во Гевгелија
Градежната фирма „Жикол“ ги известува граѓаните од општина Гевгелија
дека во периодот од 29 ноември до 3 декември, 2022 година, поради градежни зафати за изградба на атмосферска канализациона мрежа, на улиците „Никола Карев“ и „Серменинска“ во Гевгелија ќе има изменет сообраќаен режим. Се апелира до учесниците да го пренасочат сообраќајното движење, согласно наведениот календар на активности:
- вторник (29.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, до половина на улица „Серменинска“;
- среда (30.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на другата половина од улица „Серменинска“
- четврток (01.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на прва третина од улица „Никола Карев“;
- петок (02.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на втора третина од улица „Никола Карев“ и
- сабота (03.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на последна третина од улица „Никола Карев“.
Планираните активности се можни доколку нема врнежи од дожд. За другите активности, подготовка и асфалтирање на истите улици, граѓаните ќе бидат дополнително известени.