Најголемиот број од социјално-ранливите категории граѓани во општина Гевгелија се корисници на ГМП
На последната седница на Советот на Општина Гевгелија,
директорот на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Васка Илиева, даде информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија. Информацијата содржи податоци за бројот на активни корисници на права во ЈУМЦСР- Гевгелија за 2022 година, со посебен акцент на најзагрозните ранливи групи. Според извештајот, корисници на ГМП во Општина Гевгелија се 149 домаќинства, 823 се корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, во просек од 10 до 15 лица месечно го користат правото на еднократна парична помош или помош во натура, 162 корисника на надоместок за попреченост, 10 корисника на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост, 45 корисника- социјална сигурност, парична помош за студирање- 2 корисника, право на здравствена заштита- 80, паричен надоместок за енергетска сиромаштија- 229 домаќинства и 85 корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, паричен надоместок за мајка која родила четврто дете- 4, гарантиран детски додаток- 149, образовен додаток- 67, посебен додаток- 67, родителски додаток за трето дете- 141, еднократна парична помош за новороденче- од 15 до 20 барања месечно, Народна кујна- 26, Во Дневниот центар за деца со посебни потреби, на дневно ниво се згрижени 12 деца.
Во евиденцијата на ЈУМЦСР- Гевгелија има 4 лични асистенти кои услугата ја даваат на 5 корисника, додека услугата помош и нега во домот се уште не е развиена во општина Гевгелија. Во соработка со МТСП, ЈУМЦСР- Гевгелија, во месец јуни, ја започна кампањата за згрижувачки семејства, по што 3 семејства од општина Гевгелија добија сертификати за згрижувачи. Во информацијата, која уследи пред Советот на Општина Гевгелија, е нагласена потребата од дом за стари лица и сигурни куќи за жртви од семејно насилство поради значително зголемениот број на пријави, кој изнесува 27. Евидентирани се и 9 зависника од дрога, кои ја користат услугата третман и рехабилитација во терапевтската заедница „Покров“- Струмица.