„Златен елец“ во Гевгелија со претставата за деца „Новогодишна авантура“
Во организација на Домот на културата
„Македонија“- Гевгелија, за дечињата од Општина Гевгелија следува изведбата на театарската претстава „Новогодишна авантура“. Детската претстава од репертоарот на Театарот „Златен елец“ ќе се одигра на 9 декември, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот. Влезот чини 100 денари, а билетите можат да се купат од денеска до петок, во Народниот театар- Гевгелија, од 08:00 до 15:00 часот и во петок, пред самиот почеток на претставата.
Во претставата, се работи за авантурата на малата Лена која е заљубена во китењето на новогодишната елка. Кога таа заспива ќе ја посетат трапавите помошници на Дедо Мраз, кои откако ќе приметат дека ги заборавиле подароците што треба да ги однесат под елките на децата, решаваат да ги земат елките и да ги однесат кај подароците. Ова е забавна модерна приказна која низ авантурите на Лена не учи за правите вредности.
Улогите ги толкуваат: Надица Петрова, Никола Кузелов, Виктор Велевски и Александар Иваноски.