На Повикот за финансирање предлог-проекти во рамки на ReLOaD 2 аплицирале 9 граѓански организации
На 15.12.2022 година, заврши Јавниот повик на Општина Гевгелија
за граѓански организации (асоцијации/организации или фондации), за поднесување предлог-проекти од значење за граѓаните од општина Гевгелија, во рамките на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (РЕЛОАД 2)“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На повикот, 9 невладини организации, здруженија, асоцијации и фондации поднесоа предлог- проекти, коишто во следниот период треба да бидат оценувани од Комисијата за оценување на проектите. По завршување на процесот на оценување, конечните резултати ќе се објават на општинската веб-страница или преку други јавни канали кои ги користи општината.
Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки. Во проектот ReLOaD2, се вклучени 8 Општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.