Поради големиот интерес, закажано второто емитување во Гевгелија на „Биби и Боби во Снешковград“
Поради големиот интерес за „Биби и Боби во Снешковград“,
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија го закажа второто емитување на анимираниот филм за сабота (24 декември, 2022 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. Билетите се пуштени во претпродажба, по цена од 100 денари, а можат да се купат во периодот од 08:00 до 15:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија.
„Биби и Боби во Снешковград“, во продукција на „Светот на Биби ДОО Скопје“, е новогодишна авантура на Биби и Боби заедно со снешкото Гого кои патуваат кон Снешковград за да ја дочекаат Новата година. Но, зошто во градот на Снешковците е пусто и тивко и никој нема да ја прославува Новата година, ќе дознаат дечињата на 17 декември, од: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Сашка Димитрова и Никола Ристановски. Филмот е наменет за целата публика, односно за деца од предучилишна и училишна возраст.
Режисери на филмот се Никола Чикос, Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, по сценарио на Билјана С. Црвенковска.