Бетонирана улицата крај „Рауљот“ во Гевгелија
Во рамките на надлежностите на Општина Гевгелија за изградба
на локалната улична и патна мрежа, бетонирана е улицата покрај одводниот канал „Рауљ“ која води кон хотелот „Paint It“ и Серменинското маало во Гевгелија, во должина од 1.600 метри. Со бетонирањето на улицата, решени се долгогодишните проблеми на жителите во Серменинското маало, после секои врнежи од дожд.
Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, реализацијата на овој проект е од голема важност бидејќи улицата се наоѓа непосредно крај влезот во градот и е сообраќајна врска за голем број граѓани кои живеат во тој дел на градот. Покрај изградбата на улицата, планирано е и уредување на простор со нови насади со дрвја и трева и партерно уредување, најави градоначалникот Сарамандов.