Поднесени 28 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер
Во текот на 2018 година до општина Гевгелија биле поднесени
28 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од нив, 6 барања се поднесени од физички лица, од кои по две од лица со место на живеење во Гевгелија и Скопје и по едно со место на живеење во Богданци и Прилеп, додека 22 барања се поднесени од 13 правни лица,од кои 8 со седиште во Скопје, 2 со седиште во Струмица, и по 1 со седиште во Велес, Прилеп и Валандово.
Поднесените барања се однесуваа за разни прашања од работењето на локалната самоуправа, почнувајќи од бројот на службени возила со кои располага општината, бројот на одржани седници на Советот на општината, стратешки планови, општинскиот буџет, па, се до разни програми, план за јавни набавки, информации за мигрантската криза, број на вработени во општинската администрација и многу други прашања. Надлежните општински служби на сите 28 поднесени барања за слободен пристап до информации било одговорено позитивно.