300.000 денари финансиска помош за лекување на Елизабета Гуцева
Советот на Општина Гевгелија на својата 22. седница
со мнозинство гласови донесе Одлука за Измена и дополнување на Одлуката за одобрување план на програми за развој на Општина Гевгелија за 2023 година заради одобреното кредитно задолжување и склучениот Договор за одобрување долгорочен кредит на Општина Гевгелија за продолжување на булевар „Гевгелија“- изградба на улица „Св. Климент Охридски“, на што се должеше и основот за носењето на Одлуката за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Покрај овие одлуки, Советот ги донесе и буџетските програми за 2023 година- Програмата за комуникација и транспарентност, Програмата за активности во областа на еднаквите можности на жените и мажите, Програмата за активностите од областа на заштитата и спасувањето и справувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија, Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, Програмата за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Гевгелија, Програмата за одржување на јавното освелтување во општина Гевгелија и Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистичките планови во општина Гевгелија.
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, од страна на Советот на Општина Гевгелија беа прифатени неколку иницијативи за изработка на урбанистички проекти и планови. Заради лекување на гевгеличанката Елизабета Гуцева во странство, Советот на Општина Гевгелија донесе едногласно Одлука за исплата на финансиска помош во висина од 300.000 денари. Членовите на Советот на Општина Гевгелија ги усвоија Годишните извештаи од сите корисници на финансиски средства од Програмите за: финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија, финансирање на спортските активности во општина Гевгелија, Програмата за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на Месните заедници во општина Гевгелија и Програмата за финансиска поддршка на НВО- секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2022 година, како и Извештајот за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2022 година. На 22. седница, Советот даде согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Програмата за работните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година.