
150.000 денари од Општинскиот буџет за реализација на активности во областа на еднаквите можности на жените и мажите
 Во 2023 година, Општина Гевгелија преку
Програмата за активностите во областа на еднаквите можности на жените и мажите ќе се фокусира на реализирање активности за:
 - заштита од насилство врз жените и семејното насилство,
 - воведување во пракса процес на родово-одговорни политики и програми и
 - јакнење на капацитетите на општинската администрација за воведување родово-одговорно буџетирање во ЕЛС.
            Целите кои се предвидени во Програмата се:
 - зајакнување на свеста кај жените за препознавање насилство врз жените и семејно насилство, како и различните форми насилство врз жените и семејното насилство,
 - унапредување на соработката помеѓу надлежните институции при постапување во случаи на насилство врз жените и семејното насилство,
 - утврдување проблеми/потреби и приоритети за подготовка на родово-одговорни програми и методологија за креирање родово-одговорни политики и програми и
 - јакнење на капацитетите на општинската администрација и членовите на КЕМ за родово- одговорно буџетирање,
 a ќе се постигнат преку снимање краток филм со информативно-едукативна содржина, изработка на мурал на зграда, формирање мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, работилници и онлајн или теренски анкетен прашалник.
             Активностите ќе бидат реализирани со средства од општинскиот буџет за 2023 година, во висина од 150.000 денари и од донатори во износ од 100.000 денари.




