Времен сообраќаен режим од 6 до 21 февруари на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
Градежната фирма „Жикол“ ги известува граѓаните
дека од 6 до 21 февруари, 2023 година, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, заради изградба на амтосферска канализација, улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ќе биде оневозможена за одвивање на сообраќај.
Општина Гевгелија апелира до граѓаните во наведениот период да го пренасочат сообраќајното движење по околните улици: доколку доаѓаат откај Општина Гевгелија (улицата „Димитар Влахов“) лево и право или во спротивен правец само десно по улицата „Ристо Фаршинин“, а доколку се движат по улицата „Јосиф Јосифовски“- лево по улицата „Ѓорѓи Велков“ и десно по улицата „Први мај“, во зависност од тоа каде се работи во моментот.